Фудбал

Службеници од С. Арабија биле на состанок со Винисиус во Мадрид

Службеници од С. Арабија биле на состанок со Винисиус во Мадрид

Претставници на владата на Саудиска Арабија пристигнаа во Мадрид со цел да разговараат со 24-годишниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Веста ја објави извор на „Футмеркато“.

Според изворот, Саудијците сакаат бразилскиот фудбалер да се пресели во Ал-Хилал. Тие сакаат да му претстават на Винисиус амбициозен спортски проект.

Нагласено е дека Саудијците веќе му понудиле на напаѓачот договор на четири сезони, со годишна плата каква што досега не добил ниту еден фудбалер на светот.

Актуелниот договор на играчот со Реал е до 30 јуни 2027 година со плата од 20 милиони евра годишно.

To top