Фудбал ливерпул

Слот: Останувањето на Салах во Ливерпул е комплимент

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го коментираше продолжувањето на договорот со напаѓачот Мохамед Салах.

Слот: Останувањето на Салах во Ливерпул е комплимент

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го коментираше продолжувањето на договорот со напаѓачот Мохамед Салах.

-Се надевам дека во недела повторно ќе покаже колку е важен за нас оваа сезона. Мислам дека нема да ве изненади што малку подобро знаев како се работите со неговиот договор, дека работите одат во вистинска насока. Мохамед Салах би можел да премине, веројатно, во секој клуб во светот, но тој остана во нашиот клуб. Тоа е комплимент, рече Слот, цитиран од „Скај спортс“.

Ливерпул денеска го објави потписот на новиот договор со Салах. Не е прецизирано времетраењето на договорот меѓу играчот и клубот, но според британските медиуми тој е за две години.

Оваа сезона 32-годишниот Египќанец одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 32 гола и даде 22 асистенции.

По 31 коло, Ливерпул е на првото место во Премиер лигата со 73 бодови.

To top