Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, најави пред стартот на новата сезона во Серија А дека главната цел на неговиот тим ќе биде да ја освојат шампионската титула.
„Која е целта на тимот за новата сезона? Скудетото“, рече Фонсека, цитиран од новинарот Николо Скира.
Португалскиот 51-годишен стратег го презеде Милан во текот на летото. Фонсека претходно работеше за Лил, Рома, Шахтјор, Брага и Порто.
Минатата сезона Милан заврши на второто место во Серија А, со 19 бодови помалку од шампионот Интер.