Фудбал Историска ноќ за турскиот фудбал

Скандалот во Арабија ги обедини ривалите

Скандалот во Арабија ги обедини ривалите

Суперкупот меѓу Галатасарај и Фенербахче не се одигра во Ријад, Саудиска Арабија, поради тоа што домаќинот не им дозволи на екипите да излезат на терен со маици на Кемал Мустафа Ататурк.

Арапите истакнаа дека тоа е политички симбол и забранија такво нешто, па тимовите си заминаа од стадионот на Ал-Наср и така мечот кој требаше да биде спектакл е одложен.

Турците се радуваат на потегот, затоа што Фенер и Галата го одбраниле достоинството на земјата со нивниот гест и покажале дека никој не може да си игра со националните чувства на Турција.

Играчите на двата тима веќе го напуштија аеродромот во Ријад и се на пат кон Истанбул. Авионот на Фенербахче се очекува да слета во 4:00 часот наутро, додека авионот на Галатасарај се очекува да биде таму во 4:15 часот.

To top