Англиските медиуми пишуваат дека двајца фудбалери до Премиерлигата биле уапсени по обвинение за силување.
Тие имаат по 19 години и настапуваат за ист клуб, а полицијата ги привела на стадионот каде што тренирале.
„Сан“ објави дека еден од фудбалерите бил осомничен и за напад и помагање при силувањето, додека вториот најпрво е приведен, а потоа испрашан за целиот случај.
„Работата е во рацете на полицијата, нашиот тим нема да дава никакви изјави во оваа истрага“, кажале од клубот за „Сан“, но името на екипата и обвинетите засега не се откриваат.