Дeрбито од шестото коло од Лигата на шампионите му припадна на Манчестер Сити, кој се враќа дома со трите бодови по гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“. Англискиот клуб го победи Реал Мадрид по пресвртот во првото полувреме со 1-2.
Веќе во втората минута, првото возбудување кога судијата Клемент Турпан покажа на белата точка. Винисиус Жуниор го измами Матеус Нуњес, кој го собори, но ВАР снимката покажа дека фаулот бил надвор од шеснаесетникот и пеналот беше поништен.
Во 28-та минута за ново возбудување, а овој пат беше гол. Џуд Белингам асистираше за Родриго за водство на Реал со 1-0. Сепак, во продолжението на натпреварот избраниците на Гвардиола направија комплетен пресврт. За тоа се погрижија Нико О’Рајли (35.минута) и Халанд од пенал (43) за победа на Сити со 1-2.
Тимот на Арсенал ја продолжува перфектната серија. На гостувањето кај Клуб Бриж екипата од Лондон славеше со 0-3.
Двоен стрелец беше Мадуеке, а во листата на стрелци се запиша и Мартинели. За Арсенал ова е шеста победа во исто толку одиграни натпревари.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра 80-минути во празот на Наполи на гостувањето кај Бенфика со 2-0.
Европскиот првак Париз Сен Жермен прв пат сезонава одигра меч без постигнат гол и тоа во Билбао со Атлетик (0-0).
Во Германи односно Леверкузен и Дортмунд, двата натпревари завршија со ист резултат 2-2. Во нив, Баер играше против Њукалс, а Борусија со Бодо/Глим.
Екипата на Јувентус беше сигурна пред своите навивачи и со 2-0 го победи кипарскиот Пафос.
Сега во Лигата на шампионите следува пауза се до 20 јануари следната година, за кога е закажано седмото коло.