Фудбал

Сите во групата на ЕП завршија со ист број на бодови, Украина оди дома

Сите во групата на ЕП завршија со ист број на бодови, Украина оди дома

За прв пат во историјата на Европските првенства сите во групата завршија со ист број на бодови откако попладнево Романија одигра 1-1 против Словачка, а Украина и Белгија ремизираа 1-1.

Вечерва во последното коло, Романија одигра 1-1 против Словачка, на мечот помеѓу Украина и Белгија немаше погодоци, па четирите репрезентации завршија со по 4 бода во групната фаза.

Романија поради најдобра гол разлика е прва на табелата, а Украина поради најлоша гол разлика е последна и ќе остане без нок-аут фаза.

Гол разликата и помогна на Белгија да финишира како втора и покрај тоа што загуби во меѓусебниот дуел со Словачка.

 

To top