Напаѓачот на француската репрезентација Килијан Мбапе е главна ѕвезда на Европското првенство во Германија, па за тренингот на „триколорите“ пристигнале неверојатни 100.000 барања.
Секоја селекција имаше по еден тренинг отворен за навивачите и медиумите, а градовите им поделија билети на заинтересираните навивачи.
Франција го одработи својот тренинг во Падерборн и можеа да присуствуваат 4.000 луѓе. Премалку, ако се земе предвид дека пристигнале околу 100.000 барања. На крајот, само најсреќните можеа да ги видат Мбапе и пријателите.
Французинот летово потпиша петгодишен договор со Реал. Тој е главната поддршка на Дидие Дешамп, а нивната репрезентација е еден од фаворитите за освојување на континенталното натпреварување.
Во групата ќе ги одмерат силите со Австрија, Полска и Холандија.