Тренерот на Интер Симоне Инзаги ја доби наградата „Енцо Беарцот“ за најдобар италијански тренер на годината.
На церемонијата младиот тренер ги подели заслугите со своите соработници и играчите.
„Благодарен сум за оваа престижна награда, која го носи името на еден толку голем тренер и човек.Ова признание немаше да биде возможно без исклучителната поддршка од сите оние кои работеа со мене низ годините. Оваа награда им ја посветувам ним и на моето семејство“, рече Инзаги.
Наградата „Беарцот“ е востановена во 2011 година и се доделува секоја година на најдобрите италијански тренери.