Тренерот на фудбалскиот тим Интер, Симоне Инѕаги е прогласен за тренер на годината во Италија.
Џан Пјеро Гасперини имаше одлична сезона со Аталанта, но Инѕаги му донесе лигашка и Супер Куп титула на Интер што беше доволно да добие најголем дел од гласовите на фудбалерите.
-Секако, многу сум среќен што ја добив оваа награда, особено што ја добив од Лучијано (Спалети). Сакам пред се да ја споделам оваа награда со моите играчи, бидејќи тоа не би било можно без нив. Тоа го споделувам и со мојот клуб, кој се погрижи да имаме се што е потребно на располагање, како и со навивачите кои секогаш не поддржуваат, -рече Симоне кој испрати и јасна порака околу неговата иднина.
-Се чувствувам многу ценет од Интер, а бев и во Лацио, клуб кој беше мојот живот 20 години како играч и тренер. Многу сум среќен во Интер и се надевам дека ќе останам уште долго време. Ние тренерите знаеме дека нè судат секојдневно и со секоја одлука што ја носиме, -подвлече Симоне.