Фудбал

Швајцарија го елиминираше Европскиот шампион Италија

Швајцарија го елиминираше Европскиот шампион Италија

Eвропа и дефинтивно ќе има нов шампион, Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство.Победата на Швајцарците е апсолутно заслужена, Италија не одигра скоро ништо и во цел натпревар немаше ниту една посериозна прилика за гол.

Резултатот беше отворен по 37. минута кога Фраулер на асистенција на Варгас го совлада Донарума. Италија во текот на првите 45 минути не упати ниту еден удар во рамките од голот.

Само што започна вториот дел Варгас со еден прекрасен гол зголеми на 2:0 и со оглед на она што го играше Италија веќе стануваше јасно дека Швајцарија ќе биде првата репрезентација која ќе се пласира во четвртфиналето.

 

To top