Раководството на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Понудата на Баварците изнесува 50 милиони евра, вклучувајќи уште 5 милиони бонуси и 10% од секоја идна продажба на напаѓачот.
Сепак, според голем број германски медиуми, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а раководството на Штутгарт ќе биде подготвено да ја продаде својата голема ѕвезда за 65 милиони евра.
Волтемаде постигна 12 гола во Бундеслигата минатата сезона, а потоа настапи многу силно на Европското младинско првенство, каде што стана најдобар стрелец.