Обвинителство во Мадрид бара четири години и девет месеци затвор за Карло Анчелоти за наводна даночна измама во 2014 и 2015 година во износ од над еден милион евра, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Тренерот на Реал Мадрид е обвинет дека не плаќал данок во Шпанија, иако бил жител, и дека не пријавил приходи од авторски права и слики што му припаѓале како тренер на Реал Мадрид.
Обвинителството тврди дека користел сложени финансиски аранжмани за да избегне оданочување.
Наводно, Анчелоти ги префрлил своите права за имиџ на „Вапиа Лимитед“, но подоцна го изменил договорот за да го намали времетраењето и куповната цена на правата на фотографиите.
За расплетот на целата ситуација ќе треба да почекаме уште малку време, но сигурно е дека судот нема само да му прогледа низ прсти на трофејниот тренер.