Фудбалската репрезентација на Шпанија има големи проблеми откако беа обелоденети големи корупциски скандали кои земаат сѐ поголем замав и во моментов е доведен во прашање нејзиниот настап на Европското првенство.
Државата формираше нов комитет и две комисии кои ќе ја држат под надзор фудбалската федерација и ќе одблизу ќе го следат расплетот на настаните кои најмногу се поврзани со поранешниот претседател, Луис Рубијалес.
Сето ова воопшто не ѝ се допаднало на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која бара објаснување и разрешување на ситуацијата, а рокот за доставување на сите одговори е до петок следната недела.
УЕФА ја интересира на кој правен основ е формирана оваа комисија, каков е составот на овој орган, колку трае мандадот на членовите, какви се нивните овластувања и во каков однос се со Извршниот одбор на федерацијата.