Капитенот на норвешката фудбалска репрезентација и фудбалер на Арсенал, Мартин Одегард се здоби со тешка повреда.
Во 64. минута на натпреварот меѓу Норвешка и Австрија во Осло кога при резултат 1:1, по дуелот со гостинскиот играч Кристоф Баумгартнер, „десетката“ на домашниот тим Мартин Одегард падна на земја и се фати за главата.
Скочниот зглоб на Одегард целосно се измести од место и доби неприродно движење, по што веднаш стана јасно дека станува збор за потешка повреда.
Мартин со солзи во очите го напушти теренот, но за да го направи тоа, мораше да добие и помош од лекарите.
Лошите гестикулации на Одегард не даваат добри сигнали за повредата, поради која повеќе од сигурно ќе го пропушти дербито со Тотенхем, а многу веројатно и уште неколку натпревари во наредните неколку седмици.
https://twitter.com/i/status/1833238499337847258