Фудбал

Шо: Не ги разбирам критиите кон селекторот, ние сме во полуфинале на ЕП

Шо: Не ги разбирам критиите кон селекторот, ние сме во полуфинале на ЕП

Фудбалскиот репрезентативец на Англија Лук Шо изјави дека не ги разбира критиките кон селекторот на оваа земја Герет Саудхејт.

-Тој направи многу за земјата и тимот, не однесе на следното ниво. Ниту еден друг тренер во последно време не бил толку успешен. Ние играчите го сакаме, тој е токму она што ни е потребно. Ни дозволува да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто од себе. На крајот на краиштата, ние сме во полуфинале.

Последните четири месеци беа навистина тешки за мене. Првичниот план беше да се вратам многу порано, но доживеав неколку неуспеси. Беше навистина добро што се вратив на теренот. Имавме план со Герет, според кој требаше да бидам на линија за вториот или третиот натпревар, но, за жал, работите не функционираа баш и моравме да го одложиме моето враќање. Тој и Стив Холанд беа тука за мене цело време. Се разбира, тешко е да се биде со тимот во такви моменти, но атмосферата ме стимулираше. Бев малку изненаден од одлуката да бидам единствениот лев бек во тимот, но го гледам Киеран Трипие како таков бидејќи многу добро знам колку добро му оди на таа позиција, прокоментира Шо.

 

To top