Ерменскиот тим беше подобар од македонскиот претставник во текот на целиот меч и беше единствениот кој се обидуваше да постигне гол, а награда за таквата поставеност доби во завршните десет минути.
Ноах поведе во 81-та минута со голот на Грегорио, а за да биде уште полошо, Пабло во самата завршница по вторпат го совлада Талески за 2:0 и крај на натпреварот.
Шкендија со негатива од два гола се враќа дома, па така сега ќе мора да брка голем пресврт за да не избегне елиминација во раната квалификациска фаза во Конференциската лига.