Објавени се кандидатите за најдобрите во фудбалот за 2024 година. „Франс Фудбал“ објави и шест тренерски имиња кои ќе бидат во трка за признанието тренер на годината.
Тука се најдоа имињата на освојувачите на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа, Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Џанпјеро Гасперини (Аталанта). Дел од изборот е и Чаби Алонсо кој со Баер Леверкузен имаше историска сезона.
Место имаше и за Луис де ла Фуенте кој со Шпанија го освои Европското првенство, како и за Лионел Скалони кој беше јужноамерикански првак со Аргентина.
Во игра е и Пеп Гвардиола од Манчестер Сити кој повторно беше англиски шампион. Наградата ќе биде доделена на 28 октомври.