Фудбал

Шансите Тен Хаг да остане во Јунајтед се 50:50

Во моментов, шансите Ерик тен Хаг да го води Манчестер Јунајтед следната сезона се 50:50, тврди „Гардијан“.

Шансите Тен Хаг да остане во Јунајтед се 50:50

Во моментов, шансите Ерик тен Хаг да го води Манчестер Јунајтед следната сезона се 50:50, тврди „Гардијан“.

Според изданието, раководството на клубот ќе одлучи за иднината на својот менаџер по финалето на ФА Купот на 25 мај против Манчестер Сити. Доколку „црвените ѓаволи“ ги победат своите градски ривали и го освојат трофејот, тоа ќе му помогне на евентуалниот престој на Тен Хаг на „Олд Трафорд“ со оглед на тоа што сезоната на тимот беше нарушена со голем број повреди и проблеми надвор од теренот.

Доколку челниците на Јунајтед решат да го отпуштат Холанѓанецот една година пред истекот на неговиот договор, најверојатно ќе треба да изберат наследник меѓу менаџерот на Ипсвич, Киеран Мекена, Томас Франк од Брентфорд, Томас Тухел, кој си заминува од Баерн Минхен, слободниот агент Греам Потер и селекторот на Англија – Герет Саутгејт.

Пред да ги одигра последните два првенствени натпревари за оваа сезона, Манчестер се наоѓа на осмата позиција во Премиер лигата со 54 бода, откако забележа 16 победи, 6 нерешени и 14 порази.

To top