Фудбал

Шампионот Струга Трим Љум го заврши настапот во квалификациите на ЛШ

Шампионот Струга Трим Љум го заврши настапот во квалификациите на ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Љум со уште еден пораз од Слован Братислава го заврши настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Уште на стартот гостите ја најавија победата кога Вајс на асистенција на Стрелец го отвори резултатот во деветтата минута. По половина час Слован веќе дојде и до 0:2. Повторно Стрелец изврши притисок врз Кире Ристевски кој си постигн автогол и го лобуваше сопствениот голман Дујмовиќ.

Во продолжение гледавме помирна игра, а Струга голот на утеха го постигна во завршницата преку Компаоре.

Струга европските квалификации ги продолжува против Пјуник во Конференциската лига и на 24. јули ерменскиот тим ќе гостува во Охрид.

To top