Прославениот шпански фудбалер Серхио Рамос е на праг да ја продолжи својата кариера во Мексико.
Шпанскиот дефанзивец е слободен играч од ова лето, откако не го продолжи договорот со Севилја.
Иако сите мислеа дека неговата кариера е завршена, тој на 38 години реши да замине за Мексико, каде што доби покана од екипата на Монтереј.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во тек и доколку ги мине лекарските прегледи ќе биде промовиран како нов играч на мексиканскиот клуб.