Фудбал

Серафимов: За Македонија секогаш го даваме максимумот

Серафимов: За Македонија секогаш го даваме максимумот

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов , истакна дека работата треба да се заврши до крај и дека на последните два натпревари од групната фаза ќе се атакува на сите бодови.

„Три победи по ред и тоа без примен гол звучи одлично. Јас најмногу сум среќен кога нема да примиме гол. Сигурно и останатите од одбраната. Но, тоа е резултат на тимската игра. Ни следуваат натпревари против добро познати противници против кои веќе одигравме натпревари. Противниците воопшто не се наивни, но оваа групна фаза сакаме да ја завршиме со две победи и шест бода. Ние сме професионални и без разлика во кој термин играме за Македонија секогаш го даваме максимумот“, рече Серафимов.

Прв ривал на нашите фудбалери во овој прозорец е Летонија натпревар кој е закажан за в четврток, а потоа на гости ни доаѓа Фарски Острови.

To top