Следен противник на нашата фудбалска репрезентација во Анталија е Црна Гора селекција која што Никола Серафимов ја смета за квалитетна, но сепак верува во победа.
„Беше тежок натпревар, Молдавија не е наивен противник. Беше тешко да се пробие нивниот блок. Мислам дека голот го постигнавме навреме, одлично игравме во второто полувреме и креиравме неколку шанси за втор гол, но ни се случи непишаното фудбалско правило и пристигна казната за промашувањата. Но, нема за што да жалиме, овој натпревар не беше за бодови. Сепак, знаеме дека нема повеќе пријателски натпревари секогаш се оди на победа.
Сигурно дека треба да го кренеме нивото на нашата игра, особено концентрацијата и фокусот во текот на целиот натпревар и да не ни се повторуваат истите грешки, пореди кои и во минатото сме останувале без бодови. Црна Гора е поквалитетен противник, нè очекува тежок натпревар, но имаме уште два дена за подготовки и одиме на победа“, рече Серафимов.