Фудбалската селекција на Македонија со разочарувачка настап ја отвори новата сезона во Лигата на нации. Момците на Благоја Милевски потфрлија на гостувањето кај Фарски Острови и освоија само еден бод (1-1).
Никола Серафимов одново беше стартер и го одигра целиот натпревар, а по ремито истакна дека тој не може да каже што се промени во селекцијата во однос на претходните две години.
„Не сме задоволни од резултатот. Ниту од играта, особено во првото полувреме. Не знам дали беше пенал или не, не ја видов ситуацијата добро, но имавме доволно време да се вратиме во натпреварот. Но, не успеавме во тоа. Многу работи треба да се поправат, пред се желбата и борбата.
Јас не сум тој што треба да каже што се смени во однос на минатите две години. Но, знам кога ќе добиете шанса за Македонија мора да бидеме на највисоко можно ниво. Одговорноста е голема, претставуваме држава и мораме подобро. Ништо не е загубено имаме натпревар за три дена и тој треба да биде пресвртница. Мора да се запрашаме од прв до последен што треба да поправиме и да се подобриме“, рече Серафимов.
Во следното коло нашата селекција ја чека домашен дуел со Ерменија во Скопје.