Фудбал Шанса на утрешниот натпревар ќе им даде на неколку нови фудбалери

Седлоски пред дуелот со Ирска: Мораме да покажеме карактер – се игра за Македонија, а не за поединци

Против Ирска ќе мора да покажеме карактер, дисциплина и цврстина во дуелите. Ги следевме нивните последни настапи, против Чешка беа физички доминантни и агресивни во воздушните дуели, додека против Унгарија демонстрираа и технички квалитет. Очекуваме сериозен предизвик“, изјави Седлоски.

Седлоски пред дуелот со Ирска: Мораме да покажеме карактер – се игра за Македонија, а не за поединци

Македонската фудбалска репрезентација утревечер, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Авива“ во Даблин, ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете поразени селекции во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство.

Селекторот Гоце Седлоски вечерва на официјалната прес конференција потенцираше дека, и покрај разочарувањето од високиот пораз од Данска во Копенхаген во четвртокот, тимот мора да остане силно мотивиран, бидејќи настапот за националниот дрес секогаш носи посебна тежина.

„Секој пораз боли, тоа е неспорно. Сè уште го чувствуваме разочарувањето од мечот со Данска, но остануваме смирени и фокусирани. Работата на тренинзите е на високо ниво, а наша обврска е да реагираме многу подобро на теренот. Ги анализиравме пропустите и сега е на играчите што ќе добијат шанса да го дадат својот максимум. Особено ме радува тимскиот дух што владее во соблекувалната. Против Ирска ќе мора да покажеме карактер, дисциплина и цврстина во дуелите. Ги следевме нивните последни настапи, против Чешка беа физички доминантни и агресивни во воздушните дуели, додека против Унгарија демонстрираа и технички квалитет. Очекуваме сериозен предизвик“, изјави Седлоски.

Македонскиот селектор најави дека шанса на утрешниот натпревар ќе им даде на неколку нови фудбалери.

„Планирам да ротирам и да им укажам шанса на неколку нови фудбалери, а верувам дека ќе ја оправдаат довербата. Сакам да нагласам дека репрезентацијата е отворена за сите, секој сам одлучува дали ќе го носи овој дрес. Се игра за Македонија, а не за поединци“, посочи Седлоски.  (МИА)

To top