Фудбал еуро 2024

СЕ Е ПОЗНАТО: Еве дали Мбапе ќе стартува против Холандија

Главната тешкотија за него ќе биде да се навикне на заштитната маска. Доколку не се чувствува подготвен, неговото место во нападот ќе го заземат Антоан Гризман или Маркус Турам.

СЕ Е ПОЗНАТО: Еве дали Мбапе ќе стартува против Холандија

Килијан Мбапе ќе биде на клупата на натпреварот меѓу Франција и Холандија во групната фаза на Евро 2024, кој ќе се игра вечерва.

Суперѕвездата го скрши носот на пресметката против Австрија која „петлите“ ја добија со 1:0. Повредата предизвика сомнеж дали офанзивниот играч за врска ќе може да игра на натпреварите од групната фаза, но медицинскиот штаб на Франција потврди дека тој ќе може да учествува доколку носи заштитна маска.

Мбапе ќе биде вклучен во групата за средбата со „лалињата“, а се очекува да влезе во второто полувреме. Главната тешкотија за него ќе биде да се навикне на заштитната маска. Доколку не се чувствува подготвен, неговото место во нападот ќе го заземат Антоан Гризман или Маркус Турам.

To top