Фудбал

Саутгејт: Покажавме карактер во клучните моменти

Саутгејт: Покажавме карактер во клучните моменти

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Сатугејт на прес-конференцијата по мечот изјави дека неговиот тим покажал карактер и победнички менталитет кога било најпотребно.

„Знам дека ќе не критикуваат поради играта. Не бевме на висина на задачата во првото полувреме, но потоа успеавме да се извлечеме од непријатната ситуација. Многумина се сомневаат во квалитетот на овој тим, но ние покажавме карактер и победнички менталитет во клучните моменти. 

Играта по средината на теренот ни создаваше мали проблеми и со тоа се бориме долго време. Денес постојано се трудевме да го разбиеме противникот таму каде што сметавме дека е најслаб. Малку нѐ изненадија со солидната дефанзива, но на крајот успеавме да го оствариме зацртаното. 

Словачка прикажа дека е заслужено во осминафиналето. Тие се тим со постојан раст и одлични резултати во последно време. Среќен сум што победивме сериозен ривал кој не се предаваше лесно. Ѝ честитам на словачката репрезентација за настапот на турнирот“, заклучи Саутгејт.

To top