Фудбал

Саутгејт: Мора да ги запреме Џака и Фројлер ако сакаме да ја победиме Швајцарија

Саутгејт: Мора да ги запреме Џака и Фројлер ако сакаме да ја победиме Швајцарија

Англија ќе има тежок предизвик за пласман меѓу четирите најдобри на Европското првенство, а селекторот на оваа репрезентација Герет Саутгејт смета дека неговите избраници мора да обрнат големо внимание на неколку играчи од спротивниот табор.

„Швајцарија има многу компактен тим. Немаат премногу ѕвезди, но се потпираат на двајца многу важни играчи, Џака и Фројлер. Двајцата се големи борци, многу добри и комплетни играчи за врска, со офанзивни и дефанзивни карактеристики. Ја држат топката добро, комбинираат и имаат лидерство во ставот.

Во исто време можат да постигнат голови, но и да скратат некоја опасна топка во дефанзивата. Тие се интегрален дел од нивната селекција, а моите фудбалери ќе мора добро да се справат со нив. Тука нема играчи, секоја грешка веднаш жестоко се казнува.

Ментално сме многу поцврсти после мечот со Словачка. Имаме прекрасна атмосфера, која се надевам дека ќе ја преточиме на натпреварот. Ќе направиме сѐ што треба за да победиме, затоа што целта е јасна. Ако се пласираме во полуфиналето, тоа ќе биде одлично за нас и за сите наши навивачи“, заклучи Саутгејт.

To top