Англискиот селектор Гарет Саутгејт не беше незадоволен и покрај нерешениот резултат.
„Имавме вистински пристап и целосна контрола. Тешко беше да се игра на овој терен и да реализираме пасови во опасната зона. Не сум ни сигурен дека имаше најстрога казна за македонската репрезентација.
Рико Луис беше одличен. Неговото деби ми се допадва и момчето се наоѓа на вистински пат. Оли Воткинс имаше тежок натпревар, тврд терен, пет дефанзивци против себе и немаше многу шанси за гол. Денес сакав да видам некои други работи од екипата, им дадов шанси на некои нови фудбалери, но важно ми е што процесот е на вистински колосек“, заврши Саутгејт.