Герет Саутгејт вчера поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Англија. Саутгејт на кормилото на националнио тим мина осум години. по осум години на функцијата.
Англискиот селектор го одржа ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку Англија не ја освои титулата на ЕП. Во неделата, Англичаните загубија од Шпанија (1:2).
Сепак, Саутгејт нема долго да биде без работа, бидејќи се враќа на старите патеки и ќе работи како стручно-аналитички коментатор за „ИТВ“, бидејќи Гери Невил ќе се врати на „Скај спортс“.
Саутгејт ова го работеше на Светското првенство во Германија во 2006 година.
На клупата на Англија беше од 2016 година. Загуби две финалиња по ред на ЕП, а на Мундијалот ја предводеше Англија до полуфиналето во 2018 година во Русија и четвртфиналето во 2022 година во Катар.