Саудијците ја подготвија најголемата понуда во историјата на фудбалот за да го доведат во своите редови напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго.
Според шпанскиот новинар Еду Агире, неименуван клуб од Саудиска Арабија подготвил пакет од 440.000.000 евра за трансфер на бразилскиот напаѓач.
Иако не се наведува за кој клуб станува збор, се претпоставува дека тоа е Ал Хилал кој на Реал Мадрид му нуди надомест од 300.000.000 евра, а на самиот Родриго плата од 140.000.000.
Сепак, истиот извор наведува дека фудбалерот не сака да оди на Блискиот Исток, а ниту самиот Реал Мадрид не сака да го продаде.
За потсетување, Ал Хилал неодамна испрати идентична понуда за Винисиус Жуниор, нудејќи му плата од 200.000.000 евра. Но, тогаш и одговорот од „кралскиот тим“ беше негативен.
Додека преодниот рок за европските клубови се затвора во понеделник (3 февруари), во Саудиска Арабија завршува денеска, поради што тие се особено активни во последните часови.