Фудбал

Саудгејт: Шпанија заслужено триумфираше, горд сум на се што направивме

Саудгејт: Шпанија заслужено триумфираше, горд сум на се што направивме

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саудгејт призна дека Шпанците биле најдобар тим на турнирот, но побара респект и за своите избраници.

„Мислам дека Шпанија беше најдобар тим на овој турнир. Ние не ја држевме топката доволно добро, но бевме тука до самиот крај на натпреварот. Скршен сум за сите, навистина. Фудбалерите беа навистина неверојатни. Горд сум на сè што направивме. Заостанавме само малку. Мислам дека играчите мора да добијат почит за тоа што го направија. Начинот на кој се боревме и го претставувавме дресот со гордост. Никогаш не се откажавме до самиот крај, ниту во финалето до последните секунди. 

Имавме моментум во мечот кога постигнавме гол за израмнување. Имавме голема шпанса да израмниме на крајот. Сепак, веројатно во деведесет минути не направивме доволно. Можеби малку не стигна заморот од продолженијата, но мислам дека немавме доволно посед на топка за денес повеќе да им се заканиме.

Уште еднаш потенцирам дека загубивме од подобра селекција од нас“, изјави Саутгејт.

To top