Фудбал

Сањол: Подоцна ќе сфатиме каков успех остваривме

Сањол: Подоцна ќе сфатиме каков успех остваривме

Селекторот на Грузија Вили Сањол беше скромен по големиот успех и пласман во осминафинелто на ЕП, иако јавноста нему му ги препишува најголемите заслуги.

„Немам многу зборови, но горд сум на моите момци. Многу подоцна ќе сфатиме што направивме на овој турнир. Го подигнавме рејтингот на Грузија и светот дозна за оваа земја. 

Сакам да го издвојам Китешвили, кој се врати по пауза од две недели и денес одигра одличен натпревар. Може да игра без проблем во било кој голем клуб во Европа. 

Сега ќе играме против Шпанија, која веројатно е најдобрата екипа по групната фаза, но ќе покажеме што знаеме уште од првата минута“, рече Сањол.

To top