Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, изрази целосна доверба во своите играчи пред натпреварот против Македонија.
Селекторот додаде дека атмосферата во белгискиот табор е позитивна, а играчите се максимално мотивирани по убедливата победа на последниот квалификациски меч.
„Играчите се во одлична физичка и ментална состојба. Сите се свесни колку е важно да ја продолжиме серијата на добри резултати. Нашата цел е јасна, да победиме и да ја преземеме контролата во групата. Ќе дадеме сѐ од себе за тоа да го постигнеме,“ нагласи Гарсија.