Додека се чека казната од Дисциплинската комисија на УЕФА, албанскиот фудбалер Мирланд Даку е казнет од страна на својот клуб – Рубин Казан за недоличното однесување на мечот со Хрватска на ЕП.
Со мегафон ги навредуваше Македонците и Србите, а потоа се извини до сите кои се почувствуваа навредени. Сепак, УЕФА покрена постапка, а и неговиот клуб реши да го казни.
Нашиот клуб е свесен за одговорноста за тоа што се случи. ФК Рубин претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почитување и еднаквост, категорично осудувајќи ја секоја форма на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По неговото враќање во клубот, против фудбалерот ќе бидат применети дисциплински и финансиски санкции“ – се вели во соопштението на рускиот тим.