Фудбал

Рубиалес се соочува со затворска казна од две и пол години

Рубиалес се соочува со затворска казна од две и пол години

Обвинителството во Мадрид побара денеска казна затвор од две и пол години за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија Луис Рубиалес, кому во октомври лани ФИФА му изрече тригодишната забрана за вршење функции во фудбалот.

Рубиалес е обвинет за сексуален напад и изнуда откако без нејзина согласност ја бакна в уста шпанската репрезентативка Џенифер Ермосо (33).

Инцидентот се случи во август минатата година на доделувањето на златните медали по финалето на Светско првенство во кое Шпанија ја совлада Англија со 1-0.

To top