Белгискиот фудбалски репрезентативец Ромелу Лукаку е се поблизу до трансфер во Наполи објавија италијанските медиуми.
Белгиецот е под договор со Челзи, иако минатата сезона ја мина на позајмица во Рома, но тој е голема желба на Антонио Конте кој повторно го сака во тимот каде што ќе биде тренер.
Управата на Наполи му понуди тригодишен договор и плата од шест милиони евра по сезона, што е за 20% помалку од тоа што го заработуваше кај „волчицата“ од Рим.
Лукаку има огромно искуство од Серија А, под водство на Конте ја освои шампионската титула со Интер и вкупно досега постигна 70 голови во сите клубови.