Фудбал

Романците лути поради информациите за местење на мечот со Словачка

Романците лути поради информациите за местење на мечот со Словачка

Пред да се одигра натпреварот се знаеше дека нерешениот резултат на двете репрезентации ќе им донесе пласман во осминафиналето.

Украинските навивачи беа лути поради ремито меѓу Словачка и Романија, со што нивната репрезентација беше елиминирана од турнирот.

Романскиот селектор Едвард Јорданеску полуде поради обвинувањата дека неговите играчи се договориле со Словаците да го наместат натпреварот, односно да си поделат по бод за да поминат двете репрезентации.

„Некои луѓе треба да ни се извинат. Двете екипи дадоа сè од себе во деведесет минути. Фрлањето кал врз нашиот тим и нашето достоинство е срамно и безобразно. Романија покажа карактер“, изјави Јорданеску.

To top