Фудбал

Робин Ван Перси започнува тренерска кариера

Робин Ван Перси започнува тренерска кариера

Откако ги закачи копачките на клин, славниот Робин Ван Перси, скоро извесно ќе влезе во тренерските води и се најавува дека ќе преземе познат клуб.

Како што јавуваат медиумите на островот, Ван Перси треба да стане тренер на холандската екипа Херенвен, која е 11. пласирана во холандското првенство, или Ередивизие.

Славниот напаѓач најверојатно доаѓа како замена за 55 годишниот Кес Ван Вондерен, на кого му завршува договорот на крајот од сезоната, а од клубот веќе најавија дека нема да го продолжат договорот.

To top