Францускиот фудбалски клуб Марсеј објави дека ја прекинува соработката со главниот тренер Роберто Де Зерби по меѓусебен договор.
По разговорите меѓу сопственикот, претседателот, спортскиот директор и тренерот, беше одлучено да се смени главниот тренер.
Ова беше тешка, колективна одлука, донесена по внимателно разгледување и во најдобар интерес на клубот, со цел да се справат со спортските предизвици во последниот период од сезоната, објави Марсеј на својата официјална веб-страница.
– Клубот изразува благодарност до Роберто Де Зерби за неговата работа, посветеност, професионализам и сериозност, кои беа особено очигледни во сезоната 2024/25, кога тимот заврши втор во Лига 1. Клубот му посакува се најдобро во неговата идна кариера, се вели во соопштението за медиумите.
Четириесет и шестгодишниот Италијанец беше предводник на Марсеј од 2024 година. Под негово водство, тимот победи на 39 од 69 натпревари и одигра осум пати нерешено.
Минатиот викенд, Марсеј претрпе тежок пораз од ПСЖ (0-5) во 21-то коло од Лига 1. Тимот е на четвртото место на табелата со 39 бода.
Марсеј исто така не успеаја да се пласира во плејофот за Лигата на шампионите.