Фудбал инцидент

Роберто Баџо претепан, ограбен и заробен!

Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо (57) преживеа „пекол“ додека го следеше ЕУРО.

Роберто Баџо претепан, ограбен и заробен!

Легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо (57) преживеа „пекол“ додека го следеше ЕУРО.

Во текот на кариерата Баџо играше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша.

За Италија одигра 56 натпревари и постигна 27 гола.

Многумина го гледаат како трагична фигура во финалето на Светското првенство во 1994 година со Бразил во пенали.

Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на „Златната топка“ во 1993 година, беше претепан, ограбен и фатен откако провалници упаднаа во неговиот дом додека тој со семејството го следеше натпреварот Италија-Шпанија на ЕУРО.

Полицијата соопшти дека во вилата на Баџо во Алтавила Висентина упаднале пет маскирани и вооружени напаѓачи за кои италијанските медиуми тврдат дека изгледале како „професионалци“.

Баџо се соочил со нив, а во конфликтот бил повреден бидејќи бил удрен со рачка од пиштол во челото.

Локалните медиуми јавуваат дека тој подоцна бил примен во болница и морало да му се сошијат раните.

Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар.

Потоа им ги украле часовниците, накитот и другите вредни предмети.

Баџо подоцна успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот.

To top