Роберт Просинечки попладнево доживеал полесна сообраќајна несреќа во Загреб, објавува Индекс.хр.
Од загрепската полиција велат дека немаат информации за сообраќајната несреќа, па од медиумот го контактирале Просинечки за да проверат што се случило.
-Не беше ништо. Ме удри малку одзади. Веќе сум на пат кон Црна Гора, изјавил Просинечки за Индекс.хр.
Фудбалската легенда Роберт Просинечки во моментов е селектор на Црна Гора. Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора на почетокот на февруари одлучи тој да биде нов селектор на нивната репрезентација.