Фудбалерите на Астон Вила ја продолжија победничката серија откако вечерва (натпревар од 18.коло) со пресврт го совладаа Челзи со 2:1. Стрелец на двата гола беше Оле Воткинс. Со новите три бодови тимот од Бирмингем се зацврсти на третото место со 36 бодови, шест помалку од лидерот Арсенал, а четири од вториот Манчестер Сити.
Почетокот на дуелот не навестуваше триумф на гостите, а Челзи поведе во 37.минута преку Жоао Педро. Во 58.минута од клупата влезе Оле Воткинс и пет минути подоцна го постигна првиот гол за Астон Вила, а во 84.минута ги постави конечните 2:1 за триумф на неговиот тим.
Астон Вила е во серија од 11 победи на исто толку натпревари во сите натпреварувања, а последен пат загубија на 1.ноември од Ливерпул на гости 2:0.