Фудбал

Репрезентативци на Србија во бунт против селекторот Пикси

Репрезентативци на Србија во бунт против селекторот Пикси

Неполни 12 часа по елиминацијата на репрезентацијата на Србија од Европското првенство, српските таблоиди јавуваат за бунт во редовите на тимот против селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

Извори од медиумите во Србија тврдат дека познатите играчи како Душан Тадиќ, Александар Митровиќ и браќата Милинковиќ-Савиќ изразиле незадоволство и отворено го критикувале стилот на водење на селекторот.

Според објавите, Тадиќ бил особено разочаран од одлуката да не започне како стартер во клучните натпревари, што дополнително го загорчило неговиот став. Митровиќ, од своја страна, изразил фрустрации поради недостаток на ефективност во нападот и тактичките одлуки на селекторот.

To top