Фудбал

Ремек-делото на Јамал е прогласен за најубав гол на ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Ремек-делото на Јамал е прогласен за најубав гол на ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Голот на 17-годишниот шпански фудбалер Ламин Јамал во полуфиналето на Европското првенство против Франција е прогласен за најубав гол на тој шампионат, објави УЕФА во вторникот на 16 јули.

Јамал имаше 16 години и 362 дена кога го постигна голот, со што стана најмладиот стрелец на Европските Првенства.

Второто место го зазеде англискиот фудбалер Џуд Белингем со голот што го постигна во осминафиналето против Словачка, а третото Швајцарецот Џердан Шаќири со голот против Шкотска во групната фаза од натпреварувањето.

Меѓу десетте најубави погодоци кои ги избра УЕФА се и головите на Романецот Николае Станчиу, Арда Гулер од Турција, Мерт Мулдур исто така од Турција, Фабијан Руиз од Шпанија, Оли Воткинс од Англија, Италијанецот Матио Закањи и Холанѓанецот Чави Симонс.

To top