Според хрватските медиуми, Анте Ребиќ е блиску до трансфер во Хајдук, големи се шансите во наредните денови тој да стане фудбалер на сплитскиот тим.
Ребиќ е слободен играч откако си замина од Бешикташ, а тоа го прави реална мета за Хајдук.
На излезна врата од хрватскиот клуб е Перишиќ, а токму Ребиќ би требало да биде неговиот наследник.
Анте Ребиќ се проби во соседниот клуб на Хајдук, ФК Сплит од каде во 2013 година за 4,5 милиони евра премина во Лајпциг.