Фудбал реал мадрид

Реал со Мбапе на гостувањето во Лил

Мбапе в среда ќе игра против Лил, клубот за кој настапува неговиот помлад брат Итан.

Реал со Мбапе на гостувањето во Лил

Мбапе в среда ќе игра против Лил, клубот за кој настапува неговиот помлад брат Итан.

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е во составот за натпреварот в среда на гостински терен против Лил во Лигата на шампиони и покрај шпекулациите дека ќе отсуствува неколку недели поради повреда на бутниот мускул, јавија денеска француските медиуми.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, попладнево го објави списокот на играчи за натпреварот против Лил и на него е Мбапе, како и Винисиус, Родриго и Ендрик.

Мбапе в среда ќе игра против Лил, клубот за кој настапува неговиот помлад брат Итан.

Мбапе го повреди бутниот мускул на левата нога минатата недела на крајот од натпреварот од Ла Лига против Алавес (3:2). Реал Мадрид тогаш не ја соопшти тежината на повредата и дали Мбапе ќе биде подготвен за следните натпревари, додека шпанските медиуми споменаа тринеделно отсуство.

To top