Шпанските медиуми повторно ја актуелизираат темата за сензационален трансфер на Ерлинг Халанд во најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид.
Се претпоставува дека Флорентино Перез има пеколен план да создаде „дрим-тим“ во нападот и да го доведе Норвежанецот, кој би бил ударна игла заедно со Килиан Мбапе.
Претседателот наскоро планира да замине во пензија и зад себе сака да остави нов „галактикос“ кој ќе доминира со европскиот фудбал и во следните години, но за оваа цел Реал ќе мора да издвои сума не помала од фантастични 200 милиони евра.
Договорот на Халанд со Манчестер Сити истекува во 2027 година и не е познато дали Норвежанецот би останал во Англија доколу замине тренерот Пеп Гвардоиола, а Реал токму тука ја гледа својата шанса да го доведе во Мадрид и да ја започне новата „кралска“ ера.