По години правни битки и неуспешни преговори, Реал Мадрид и А22 A22 Sports Management, компанијата зад проектот за Европската Суперлига, се подготвуваат да поднесат тужба против УЕФА во вредност од 4,5 милијарди евра.
Обвинувајќи го европското фудбалско управно тело за злоупотреба на својата доминантна позиција и задушување на конкуренцијата, тужбата се базира на историска пресуда на Судот на правдата на Европската Унија заантимонополското право, објавува Goal.com.
Европската Суперлига, еден од најконтроверзните проекти во историјата на фудбалот, е повторно во центарот на вниманието, а овој пат влоговите се поголеми од кога било. Според шпанскиот весник AS, барањето за отштета од 4,5 милијарди евра покрива изгубена добивка, нарушен углед и штета на конкуренцијата поради она што тие го тврдат дека е монопол на УЕФА.