Во редовите на Лајпциг не се задоволни од вчерашното судење против Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а веројатно и со право.
На главниот арбитар му се замерува за ситуацијата во која не го исклучи Винисиус Жуниор. Бразилецот во второто полувреме прво грубо стартуваше од зад грб врз Орбан, а потоа и го турна на земјата.
За таа ситуација доби само жолт картон, легендарниот судија Итуралде Гонзалез објаснува зошто Винисиус требало да биде исклучен.
„Судијата слободно можеше да го исклучи Винисиус. Направи втор некоректен старт во иста акција и неговиот удар заврши во вратот на противникот, не во градите. Реал Мадрид имаше судиска помош, мораше да го завршат натпреварот со десет фудбалери“, изјави Итуралде.
Токму Винисиус нешто подоцна го постигна голот за „кралевите“, па така револтот кај Германците е само поголем.